Внуката се скарала со дедо ѝ затоа што целиот накит на покојната баба ѝ го подарил на новата сопруга

3 mins read

Една жена ја сподели својата вознемиреност на социјалните мрежи со следбениците. Имено, дедо ѝ, го подарил целиот накит на нејзината покојна баба на својата нова сопруга, а на оваа вест Интернетот реагираше со огорченост.

Жената, по име Оливиа Џоан, рече дека одлетала за Чикаго во обид да го посети својот 95-годишен дедо и да ја запознае неговата нова сопруга (76) по пат. По пристигнувањето дознала дека тој ѝ го подарил целиот накит на нејзината покојна баба.

Во неодамнешното интервју за „Vogue“, Оливиа Џоан објасни дека нејзината баба, која починала во 2019 година, била основач на успешна козметичка компанија. Џоан го објави видеото на своите профили на „Твитер“ и „ТикТок“, со што доби повеќе од 800.000 прегледи на двете платформи.

@oliviajoan18 The tea no one asked for but everyone wants #grandmother #grandmotherlove #blackexcellence ♬ original sound – Olivia Joan

„Ме растажи затоа што навистина го сакав овој ѓердан Картие што го купив со баба ми во 2017 година, а сега оваа жена го има“.

Џоан рече дека ѓерданот ѝ значел многу бидејќи тоа е единственото парче накит што го купила со баба ѝ, заедно со соодветниот прстен и нараквицата што ѝ ги подарила на својата баба за нивната годишнина. Сега сето тоа ѝ припаѓа на неговата нова сопруга.

„Толку многу се промени во овој стан, а јас имав голема кавга со дедо ми, па си одам порано“, рече Џоан, истакнувајќи дека во станот се тргнати и нивните семејни фотографии. „Да, навистина е гадно“.

Интернетот се крена на нозе поради новата сопруга која сега ги поседува сите вредни работи на покојната баба, а во коментарите се согласиле накитот и облеката на бабата да ги наследат роднините. Едно лице ја советуваше едноставно да го побара накитот на нејзината баба, но Џоан рече дека таа веќе го направила тоа, безуспешно. Таа дури откри дека новата сопруга чува сè заклучено во сеф.

„Секој што имал прекрасна баба може да разбере“, рече едно лице. „Тоа навистина не е ѓердан, тоа е сеќавање“. „Но, не е во ред на нова жена да ѝ ги даваш работите на починатата жена“, напишал друг корисник. „Требаше сè да ви биде дадено на вас и вашата мајка. Мир на сите вас.”

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоковиќ ја осуди одлуката на Вимблдон да им забрани настап на руските и белоруските тенисери и тенисерки

Следно

Голем пад на случаите на коронавирус во лето, но и нов бран наесен – предвидува германски министер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian