Српскиот кантавтор Жељко Јоксимовиќ вчера го прослави својот 50-ти роденден во кафеана во Белград, додека целата прослава ја подготви неговата сопруга Јована Јоксимовиќ. На прославата биле и близнаците на Јована и Жељко.
На роденденската прослава Јована дошла облечена во црвен мини фустан, а Жељко во косум и патики.
Жељко во оваа прилика открил што си посакал сам себеси, што очекува од новиот животен период во кој влегува, како и што добил на подарок од Јована.
– Здравје – Жељко накратко открил што посакал за својот 50-ти роденден и додал дека и самиот се чуди кога наполнил 50 години:
„И јас си велам, па кога дојде 50-ката, но тоа е само број. По вечерва, кога ќе преспијам, ќе видам дали утре нешто ќе биде нешто поинаку“, додал Јоксимовиќ
Жељко рекол дека Јована сешто му посакала, а потоа открил и што му подарила:
– Нешто многу добро и вредно – рекол пејачот.
Бидејќи била во прашање забава изненадување, Јована откри и како испланирала сè:
– Тој не сакаше да го слави роденденот, ја мислам дека 50-тиот роденден е нешто што мора да се обележи и дека никогаш нема да бидеме помлади од денот на својот роденден, затоа јас уживам во родендените, се надевам дека и тој ќе ужива – заклучила Јована.
Меѓу првите на прославата се појавија Јована Николиќ, Мелина Џиновиќ, Драган Бејлогрлиќ, Сузана Диниќ, Ксенија Милошевиќ… На прославата се појавиле и родителите на Жељко, Весна и Бранислав Јоксимовиќ.