ВИДЕО | Вардјан: Народот во Словенија очекува промена на власта и враќање на демократските процеси

1 min read

Словенечките гласачи на парламентарните избори во недела избираат 90 пратеници во Народното собрание, а околу 20 партии и граѓански листи се борат за влез во Парламентот.

-Во Словенија има голем предизборен притисок што во Македонија не се осеќа. Во вторникот започна предвременото гласање и досега 4% од избирачите излегоа, што значи дека народот сака промени, изјави за Утрински брифинг уредникот во РТ Словенија Вања Вардјан.

Актуелниот словенечки премиер Јанез Јанша и новиот кандидат за премиер Роберт Голоб се во „тесна трка“ две недели пред парламентарните избори, покажуваат анкетите во Словенија.

 

-Што значат промени? Последните години на власт беше Јанша кој ги урна демократските стандарди на Словенија. Денеска Фридом Хаус оцени дека Словенија има најголемо назадување во демократијата во целиот регион. Предизборните анкети покажуваат дека Левицата има 55% гласови, а десницата 45%. Главниот конкурент на Јанша е партијата што се вика „Слобода“. Интересно е што на второто место е партија што се вика „Левица“, што за разлика од Македонија таа не националистичка, вели Вардјан кој додава дека се очекува промена на власта и народот очекува Словенија да се врати на демократските стандарди, изјави Вардјан.

 

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Борис Џонсон во посета на Индија

Следно

ВИДЕО: Бостон со пресврт до нова победа над Бруклин, шампионот загуби на домашен терен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian