ВИДЕО | Се огласи „претепаниот“ српски тиктокер, со модринки на лицето

1 min read

Веста дека наводно е претепан најпопуларниот српски тиктокер Андрија Миливојевиќ Вајваи (Wajwai) шокираше мномина од помладата генерација.

По немилата случка, за која пишуваа српските медиуми, сега се огласи и самиот Андрија за да ги убеди дека тој е добро.

„Многу ми е тешко да зборувам за ова, но веројатно сите сте прочитале…“, рекол тој на почетокот на снимката. На лицето имал нацртани модринки.

– Стоп. Стоп. Стоп. Шминката не чини. Андрија, брутално си претепан! Покажи им! Ајде, одиме. Одиме повторно – му рекло момчето кое билово улога на „режисер“.

„Брутално претепан 738. пат“, додал друг.

„Акција“, извикал „режисерот“.

„Како што веројатно…“ – рекол Андрија и почнал да се смее.

@wajwai VERUJTE MEDIJIMA #wajwai #foryou ♬ Mala – Rasta & Coby

Во описот тој иронично им порачал на своите следбеници дека „треба да им веруваат на медиумите“.

Потсетуваме, медиумите пишуваа дека тој наводно бил претепан во Смедерево. Исто така, се тврдеше дека со него во моментот на нападот биле неговите пријатели Михаел Ибрановиќ, Милош Шариќ и Војислав Пањковиќ.

ФОТО | Најпознатиот српски тиктокер брутално претепан: Би сакал снимките да не се објавуваат

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Жителите на Мајами не сакаат Формула 1 трка во нивниот град

Следно

Гувернерот на Луганск вели дека Русија контролира 80 отсто од регионот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian