Двата златни ретривери не можеа да ја сокријат возбудата кога за првпат го запознаа новороденчето на своите сопственици.
Винстон и Доуг весело мафтаа со опашките додека чекаа зад оградата нивниот сопственик да им го покаже новиот член во домот. Тие се подигнаа на задните шепи за да го помирисаат, а едното куче потоа му донесе и играчка.
„Дали навистина и донесе играчка?“, праша мајката на бебето додека кучињата весело си играа околу бебето
Нема сомнеж дека кога ќе порасне, ова детенце ќе има прекрасно друштво.