ВИДЕО: Отворен нов Центар за поддршка на згрижувачки семејства

2 mins read

Ништо не може да ја замени љубовта и поддршката што ја дава семејната средина. Кога детето ќе остане без семејна грижа, почнува да страда, а тоа може да има штетни последици по неговиот раст и развој.

Затоа престојот во згрижувачко семејство, дури и за краток временски период, е најдобриот начин да се обезбеди секое дете да го добие она што секој од нас би го очекувал за своите деца – соодветна грижа, љубов и посветеност.

Децата растат и се развиваат најдобро во грижлива средина исполнета со љубов, поддржани од грижливи и одговорни возрасни, но претходно тие треба да бидат идентификувани, но и да се работи со нив и да им се помогне секогаш кога тоа е потребно.

Во таа насока вчера беше отворен нов Центар за поддршка на згрижувачки семејства и токму тоа е темата на денешниот разговор во Утрински брифинг со Александра Ивановски, раководител на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства во Скопје.

-Околу 300 згрижувачки семејства и околу 500 лица кои се сместени во оваа форма има во земјава, со тоа што освен деца има и возрасни лица. Исто така постојат и 64 згрижувачки семејства во кои се сместени 150 деца, вели Ивановски и додава дека постојат точно прецизирани критериуми кој се може да биде згрижувач.

-Критериумите се во еден правилник за згрижувачки семејства кој е излезен од МТСП и се однесуваат на одредена возраст. Најважно е децата да не бидат злоупотребувани и злоставувани. Потребата од згрижувачки семејста е голема и покрај сите реформи и законски измени како да се помогне на оваа ранлива категорија. Се соочуваме со се поголем број на деца без родителска грижа и треба промоција на здгрижувањето и како може да се стане згрижувачко семејство. Децата кога растат во институции не е најдобра форма за згрижување, туку најдобра средина е всушност згрижувачко семејство. Наша задача е токму промоција на згрижувањето, вели Ивановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зголемената влакнавост кај жените е последица на овие болести

Следно

Борис Џонсон во посета на Индија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian