ВИДЕО: Бостон со пресврт до нова победа над Бруклин, шампионот загуби на домашен терен

1 min read

Кошаркарите на Бостон селтикс поведоа со 2:0 во победи во плеј-оф серијата против Бруклин нетс во Источната конференција откако со пресврт славеа со 114:107.

Бостон во еден момент од натпреварот имаше негатива од 17 поени, но благодарение на одличната игра во одбраната над двете најголеми ѕвезди на Бруклин, Кевин Дурент и Кајри Ирвинг, успеаја да дојдат до втора победа на домашен терен. Дурент иако постигна 27 поени, не успеа да погоди ниту еден шут од игра во второто полувреме и шутираше 4-27, додека Кајри Ирвинг имаше шут 4-13.


Најдобри во редовите на Бостон беа Џејлен Браун со 22 поени и 6 асистенции, а Џејсон Тејтум даде 19 поени, од кои десет во последната четвртина.

Екипата на Чикаго успеа да направи изненадување и со 114:110 го совлада актуелниот шампион Милвоки бакс и израмни на 1:1 во победи.


Одлучувачки момент за победата беше серијата од 13:0 на Чикаго на стартот од последната четвртина, и во финишот го запре налетот на шампионот. Демар Дерозан постигна рекордни во плеј-офот 41 поен, Никола Вучевиќ даде 24 поени и имаше 13 скока. На Милвоки не му помогна одличната игра на Јанис Адетокумпо кој имаше 33 поени и 18 скокови.

Филаделфија сиксерс се наоѓа пред пласман во следната рунда од плеј-офот откако со 101:104 по продолжението славеше над Торонто репторс и поведе со 3:0 во победи.
Човек на одлука беше Џоел Ембид кој во последната секунда погоди тројка за победа на Филаделфија. Ембид натпреварот го заврши со 33 поени и 13 скокови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Вардјан: Народот во Словенија очекува промена на власта и враќање на демократските процеси

Следно

Путин ја казни својата ќерка: Ѝ забранил да патува, се плашел дека нема да се врати во Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian