Велика Британија забрани увоз на кавијар и други луксузни производи од Русија

1 min read

Велика Британија во рамки на последното проширување на списокот санкции против Москва забрани увоз на кавијар и други луксузни производи од Русија

Забраната за увоз е проширена и на среброто и производите од дрво, додека за 35 проценти се зголемуваат царинските давачки за дијамантите и гумата увезени од Русија и Белорусија.

„Ја користиме секоја можност да го засилиме притисокот за изолирање на руската економија, овие мерки само значат дополнително затегнување на завртките, затворајќи ги начините за остварување профит за воената машинерија на Владимир Путин“, изјави британската секретарка за меѓународна трговија Ен-Мари Тревелјан.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Ковачевски се сретна со поранешните амбасадори, тие ги поздравија владините политики

Следно

Шок за капитенот на Јунајтед, добил мејл дека во неговиот дом има поставено бомба 

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian