Шок за капитенот на Јунајтед, добил мејл дека во неговиот дом има поставено бомба 

1 min read

Англиската полиција отвори истрага откако капитенот на Манчестер јунајтед Хари Мегваер добил мејл дека во неговиот дом му е поставена бомба.

Полицијата во Манчестер со кучиња кои се специјализирани за пронаоѓање експлозив, ги пребарала домот на Мегваер во кој живее заедно со свршеничката Фенр Хокинс и нивните две ќерки.

Никој не бил евакуиран во потрагата по евентуалната подметната бомба заполнала подпаднево и траела неколку часа.

Хари Мегваер се наоѓа на удар на навивачите на Манчестер јунајтед поради неколкуте киксеви што ги направи сезонава и поради кои клубот остана без важни бодови во трката за четвртото место на табелата во Премиер лигата кое носи пласман во Лигата на шампионите.

Заканата за бомба во домот на Мегваер доаѓа само два дена по поразот на Јунајтед во најголемото англиско дерби против Ливерпул од 4:0.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Велика Британија забрани увоз на кавијар и други луксузни производи од Русија

Следно

ФОТО | Ова се жените кои го освоиле срцето на Принс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian