Радев: Политичарите во С. Македонија се обидуваат да градат идентитет заснован на фалсификат

2 mins read

Бугарскиот претседател Румен Радев повторно ги обвини македонските политичари за како што вели “градење идентитет заснован на фалсификат“.

“Обидите на политичарите во Северна Македонија да изградат идентитет заснован на фалсификатите на Комунистичката интернационала, наместо на историската вистина, се против интересите на граѓаните на Република Северна Македонија кои сакаат членство во ЕУ.“ изјави бугарскиот претседателот Радев.

Бугарскиот претседател исто така се осврна и на настаните од минатата недела и именувањето на бугарскиот културен центар во Битола по револуционерот Иван Михајлов.

“Ако зборуваме за фашизам, треба да биде јасно дека Иван Михајлов е човекот кој одбил Хитлер да ја внесе Македонија во братоубиствена војна со Бугарија. Не Иван Михајлов, туку други луѓе по воспоставувањето на југословенската диктатура во Македонија, убиле и испитувале десетици илјади во концентрационите логори затоа што решиле да продолжат да се нарекуваат Бугари, а не Македонци“, додаде Радев.

Бугарското министерството за надворешни работи, пак, ќе реагира на изјавата премиерот на С. Македонија Димитар Ковачевски околу именувањето на Бугарскиот културен центар во Битола, најави шефот на бугарската дипломатија Теодора Генчовска, пренесуваат бугарските медиуми.
Генчовска додаде дека таа била “изненадена од острата кон именувањето на клубот по револуционерот Иван Михајлов“.

“Изненадена бев од реакциите на политичко ниво, но и од оние на невладините организации во Република Северна Македонија. Искрено, немаме намера да комуницираме преку медиумите, но МНР ќе излезе со официјален став“, рече Генчовска.

Претходно, македонскиот премиер Димитар Ковачевски изјави дека бугарската делегација во која беа премиерот Кирил Петков и потпретседателката Илијана Јотова „ги разбудиле духовите од минатото, повторно разгорувајќи го јазикот на омразата и недовербата“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Министерство на Канада на „Твитер“ по грешка објави линк кој води до „Порнхаб“

Следно

Украинската вицепремиерка бара итна евакуација на цивилите и ранетите војници од Азовстал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian