Путин ја казни својата ќерка: Ѝ забранил да патува, се плашел дека нема да се врати во Русија

1 min read

Владимир Путин наводно ја казнил ќерка си и ја спречил да отпатува во странство, каде сакала да го прослави својот роденден, пренесува „Дејли мејл“. Наводно тоа го направил од страв дека Марија Воронцова нема да се врати во Русија.

„Путин одговори со категорично одбивање и ги засили мерките за заштита на неговата ќерка Марија. Според нашите информации, најстарата ќерка на претседателот не планирала да се врати во Русија“, се вели во извештајот на руските медиуми.

владимир путин
Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/SERGEI GUNEYEV/SPUTNIK/KREMLIN

Не е наведено дали причината за нејзиниот наводен план за бегство е  одлуката на нејзиниот татко за руската инвазија на Украина. Имено, таа сакала да одлета во некоја „пријателска“ земја на Русија.

Патувањето го планирала со својот партнер Јевгени Нагорни, со кој наводно започнала врска по распадот на бракот со холандскиот бизнисмен Јорит Фасен.

Инаку, Марија е најстарата ќерка на Путин што ја доби со поранешната сопруга Људмила. Таа е една од санкционираните руски државјани поради дирекна поврзаност со Путин. Сега не ѝе дозволено да патува во повеќето западни земји.

Повеќе написи на темата:

 

Британија го стега обрачот околу Москва: Ќерките на Путин на листата за санкции

 

ФОТО | Кои се децата на Владимир Путин и колку ги има?

 

Владимир Путин има две, а можеби три ќерки: Зошто речиси никогаш не зборува за нив?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Бостон со пресврт до нова победа над Бруклин, шампионот загуби на домашен терен

Следно

ВИДЕО | Дувњак: „Плацовите на Водно“ – клучен ден за македонското правосудство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian