Поранешниот албански претседател Нишани хоспитализиран поради постковид компликации

1 min read

Поранешниот албански претседател Бујар Нишани синоќа бил итно донесен во болницата „Шефќет Ндроќи” во Тирана, каде е се уште на болнички третман.

Според болнички извори, тој се лекува од пост ковид билатерална пневмонија и е на кислородна поддршка.

Дел од медиумите, повикувајќи се на сигурни извори, наведуваат дека животните параметри не му се во добра состојба.

Педесет и шест годишниот Нишани, беше претседател на државата во период 2012 – 2017 година.

По завршување на мандатот се повлече од политичката сцена, каде се врати пред една година, кога беше избран за претседател на Националното собрание на Демократската партија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кривична пријава за лице кое се заканувало на странски амбасадор

Следно

ВИДЕО | Жељко Јоксимовиќ го прослави јубилејниот 50-ти роденден: Јована му подарила нешто добро и вредно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian