Пендаровски: Не можеме да го отвораме Уставот по потреба, секој понеделник

1 min read

Претседателот Стево Пендаровски вечерва во гостување на ТВ Алсат ги коментираше последните случувања во врска со спорот со Бугарија, како и најавите за внесување на Бугарите во македонскиот Устав.

„Околу можноста за внесување на Бугарите во Уставот, сите знаеме дека преговорите со ЕУ, во најдобра варијанта траат со години. Последниот пример со Хрватска траеше седум години. Секоја наредна држава која влегува во ЕУ, подолго преговара. Се да е идеално, нема човек кој што ќе виде каже дека сега може да се влезе за две три години. Малкумина се оние кои ќе потврдат дека владата на Петков ќе издржи седум-осум години до нашиот евентуален влез, рече Пендаровски во емисијата „Патот кон“.

Тој вели дека ова е политика.

– Следната влада во Бугарија ќе рече: Ова што потпишала претходната влада, биле предавници на нашата кауза, не нѐ интересира. Од кого да бараме такви гаранции? Не можеме да го отвораме Уставот по потреба секој понеделник, рече Пендаровски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се породи Џенифер Лоренс: Актерката и нејзиниот сопруг го кријат полот и името на детето

Следно

Барселона го преживеа гостувањето во Баскија, Обамејанг го сруши Сосиедад

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian