ЈП Водовод и канализација – Скопје со известување за празничното работно време

1 min read

Шалтерите за наплата, во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во пресрет на велигденските празници, во петок (22.04.2022) ќе работат само прва смена од 7:30 до 15:30 часот, додека пак во сабота (23.04.2022) и понеделник (25.04.2022), нема да работат.

Со редовни работни активности ќе се продолжи во вторник, 26.04.2022.

-Ве повикуваме да ја искористите можноста дадена преку електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, со која нашите услуги се поблиску до вас. – Посетете ја веб страна www.vodovod-skopje.com.mk и информирајте се за сите настани поврзани со работата на претпријатието. Електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје се достапни на e.vodovod-skopje.com.mk. Полесен и побрз пристап до услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје е овозможен со мобилната апликација на претпријатието. Информациите поврзани со фактурите и нивната наплата се достапни и преку апаратите за наплата распоредени на неколку локации во градот: Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје, ГТЦ на приземје и во Капитол Мол во Аеродром, информираат од претпријатието. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Украинската вицепремиерка бара итна евакуација на цивилите и ранетите војници од Азовстал

Следно

Интимна преписка на Оливера и Ѓорѓе Балашевиќ во новото издание на стихозбирката „Допир на свила“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian