Голем пад на случаите на коронавирус во лето, но и нов бран наесен – предвидува германски министер

1 min read

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах денеска истакна дека очекува ситуацијата со коронавирусот во земјата да се олесни во текот на летото – но не толку како минатата година поради распространетоста на варијантата Омикрон.

-Сезонски, пандемијата ќе опаѓа, рече тој денеска на конференција во Баварија, пренесува ДПА.

Тој предвидува мал број случаи, но не толку низок како минатата година, кога летото беше „речиси без коронавирус“. – Варијантата Омикрон е премногу заразна за тоа, рече тој. Летото мора да се искористи за подготвки за есента, кога се очекува нов бран случаи, вели министерот за здравство.

Лаутербах процени дека сега има веројатно двојно повеќе случаи на коронавирус отколку што се официјално пријавени.

Тој, исто така, укажа на постоењето на нови варијанти на вируси, вклучително и подваријанта што циркулира во САД, која се шири многу побрзо од онаа што преовладува во Германија.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Внуката се скарала со дедо ѝ затоа што целиот накит на покојната баба ѝ го подарил на новата сопруга

Следно

ВИДЕО: Мајк Тајсон нападна патник во авион кој го вознемирувал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian