ФОТО | Најголема поддршка: Хана и Дарен ја бодреа Тамара во прв ред

1 min read

Вчеравечер, пејачката Тамара Тодевска настапи за време на модниот настан којшто го организираше Магнетик, компанијата која ги има ексклузивните права на дистрибуција и продажба на повеќе модни брендови во Македонија.

Еден од нив е и брендот Pinko, чие заштитно лице е токму нашата поп-дива.

За време на енергичниот настап на пејачката, малечките Хана и Дарен ја бодреа мајка си во првиот ред. За среќа, некој од присутните го овековечил емотивниот момент меѓу Тамара и нејзините најмили, кои секогаш се нејзина најголема поддршка.

„Најубавата фотографија од вечерва. Хана, Дарен – мама ве сака најмногу!“, напиша Тамара, споделувајќи ја фотографијата која им ги стопли срцата на нејзините следбеници на Инстаграм.

Хана и Дарен / Фото: Инстаграм, Тамара Тодевска
Тамара и Дарен / Фото: Инстаграм, Тамара Тодевска

ВИДЕО | „Да замижеме пред сѐ“: Тамара Тодевска ја најави својата нова песна

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Акција на SPORT LIFE: Со еден промашен натпревар до еден милион денари

Следно

Ковачевски: СОНК до доведе во заблуда наставниците, претседателот не беше искрен до крај

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian