Бејл конечно си оди од Реал Мадрид и се сели во МЛС Лигата?!

1 min read

Велшкиот репрезентативец Герет Бејл на лето ќе си замине од Реал Мадрид како слободен играч, но нема да се врати во Премиер лигата или во Кардиф, туку најверојатно кариерата ќе ја продолжи во САД.

Новинарот на „Вашингтон пост“, Стивен Гоф, објави дека Бејл започна преговори со тимот од МЛС лигата Ди Си Јунајтед.

Наводно Ди Си Јунајтед е подготвен да му даде поголема плата од таа што ја имаше една друга голема ѕвезда од англиската Премиер лига, Вејн Руни. Руни во 2018 година си замина од Манчестер јунајтед и за плата од 2.7 милиони долари, се пресели во Ди Си Јунајтед.

Герет Бејл во 2013 година за тогаш рекордни 94 милиони евра од Тотенхем се пресели во Реал Мадрид со кого освои две титули во Ла Лига, четири титули во Лигата на шампионите, три УЕФА Суперкупа, има три триумфи на Светското клупско првенство как и еден Кралски куп.

Но, последните 3-4 сезони Бејл ги помина најчесто на клупата за резервни играчи одбивајќи да си замине од Реал Мадрид пред истекот на договорот според кој имаше 16 милиони евра нето годишна плата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанец нападнат во Козле

Следно

Влеговме во сезоната на Бик: Што значи тоа за вашиот хороскопски знак

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian