Барселона го преживеа гостувањето во Баскија, Обамејанг го сруши Сосиедад

1 min read

Фудбалерите на Барселона славеа со 1:0 против Реал Сосиедад на тешкото гостување во последниот натпревар од 33. коло на Ла Лига и се врати на второто место на табелата.

Барселона по триумфот во Баскија има 63 бода, исто колку и Севиља, но има и натпревар помалку.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Пјер-Емерик Обамејанг во 11 минута.

Дембеле ја погоди стативата, а топката се дојде до Гави, кој одлично го проигра Феран Торес кој пак му асистираше на Обамејанг на кого не му беше тешко да го совлада Ремиро.

По постигнувањето на голот, играчите на Барселона се одлучија да ја чуваат предноста и му ја препуштија иницијативата на домаќинот кој не успеа да најде начин да го совлада Тер Штеген.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пендаровски: Не можеме да го отвораме Уставот по потреба, секој понеделник

Следно

ВИДЕО: Ретриверите се запознаа со штотуку роденото бебе на сопствениците, нивната реакција топи срца

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian