„Вимблдон“ ќе се организира без руските и белоруските тенисери!?

1 min read

Според „Њујорк Тајмс“, руските и белоруските тенисери ќе бидат исфрлени од грен слем турнирот „Вимблдон“ во Лондон поради војната во Украина.

Така Вимблдон ќе стане првиот тениски турнир кој суспендира поединечни тенисери и тенисерки.

Русија и Белорусија беа исфрлени од „Дејвис купот“ и Били Џин Кинг купот, но играчите можеа да се натпреваруваат без знамето на земјата до нивното име.

Според Крис Клери, новинар на „Њујорк Тајмс“, еден висок тениски функционер ја потврдил одлуката на „Вимблдон“, под услов да остане анонимен.

Тоа значи дека големите имиња како Данил Медведев, Андреј Рубљов, Анастасија Пављученкова, Арина Сабаленка, Викторија Азаренка, Карен Хачанов, Аслан Карацев нема да можат да настапат на Вимблдон…

Иванишевиќ смета дека Новак направи една грешка на ЛОИ во Токио

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се гради нов објект во градинката „Орце Николов“ во Карпош

Следно

Викторија Спенџарска Стин ни подготви чоколадни велигденски јајца: Креативен десерт од 3 состојки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian