Викторија Спенџарска Стин ни подготви чоколадни велигденски јајца: Креативен десерт од 3 состојки

2 mins read

Викторија Спенџарска Стин е мајка на слатките Љубљана и Емона, активист во неколку невладини организации и поборник за здрав начин на живот.

Оваа прекрасна жена стои зад инстаграм-профилот @vegan_viki_, кој ќе ве освои од прва со шаренилото и веднаш ќе посакате да рекреирате некој од нејзините здрави рецепти.

Викторија Спенџарска Стин ни подготви посен намаз без масло: Совршен додаток во најразлични оброци

Денес споделува рецепт за чоколадни јајца со кои празничната трпеза ќе ви изгледа магично.

„Рецептот е предноставен, ви требаат силиконски модли и само три состојки“, порачува Викторија.

Потребни состојки:

– темно чоколадо
– путер од кикирики
– јаворов сируп или агаве

Подготовка:

Стопете го темното чоколадо и со помош на четкичка премачкајте ги силиконските модли. Ставете ги во фрижидер и во меѓувреме измешајте го путерот од кикирики со лажица јаворов сируп или агаве по вкус. Наполнете ги модлите и ставете ги во замрзнувач да се стегнат барем еден час. По желба може да ставитe по еден бадем во средина. Кога ќе ги извадите од замрзнувач може да залепите две „јајца“ со малку путер од кикирики за да има форма на вистинско јајце. Многу едноставен рецепт, а дечињата многу ќе се радуваат доколку ги вклучите во изработката. Бидете спремни на тоа дека ќе има неред во кујната, брцкање на прстињата во путерот и јадење чоколадо, но тоа е само дел од процесот на учење нови вештини. Вклучувањето на децата во секојдневните активности меѓу кои и готвењето е многу важно за нивниот правилен развој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Вимблдон“ ќе се организира без руските и белоруските тенисери!?

Следно

Арсовски: Макрадули е разрешен поради подобрување на состојбите во „Пошта“ и јакнење на капацитетите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian