Најмалку едно лице загина денеска, а четворица се повредени кога експлодираше автобус кој превезувал затворски чувари во северозападната турска провинција Бурса.
Според соопштението на управата на затворот, се разгледува можноста за терористички напад.
Експлозијата се случила околу 7.30 часот утрото, додека автобусот ги превезувал чуварите на работа низ станбена област во централниот округ Османгази во Бурса. Автобусот во моментот на експлозијата се наоѓал во близината на станицата на метрото.
Bursa’da infaz koruma memurlarını taşıyan otobüse saldırıhttps://t.co/lBS4yW0svG pic.twitter.com/kgZd4P5gpq
— Tükenmez Haber (@tukenmezhaber) April 20, 2022
Се верува дека експлозивната направа била оставена покрај патот и активирана со далечински управувач.
Возачот успеал да го запре автобусот на околу 100 метри од местото на експлозијата.