Играчите на тренерот Карло Анчелоти ја забележаа и 24 победа сезонава во најсилната шпанска лига и се многу блиску до освојување на титулата.
Вечерва во рамките од 33 коло во „Ла Лига“ составот на Реал Мадрид со 1:3 ја совлада Осасуна. Поведоа „кралевите“ со голот на Алаба во 12 минута, па израмни Будимир (13`), а предност на гостите ја врати Асенсио непосредно пред паузата.
Во вториот дел следуваа два нереализирани пенали од Бензема во 52 и 59 минута. Конечниот епилог беше во поставен во самиот финиш од средбата преку Лукас (90+6`).
Претходно Атлетико Мадрид ремизираше без голови со Гранада, а Хетафе славеше кај Селта Виго (0:2) со двата гола на Мајорал. На пет кола до крајот на сезоната, Реал Мадрид е првопласиран со 78 бодови од 33 натпревари, пред Атлетико Мадрид кој има 61 од 33 мечеви.
„Јорганџиите“ математички не можат да го стигнат Реал, но теоретски шанси и натаму постојат за Барселона која е моментно трета со 60 бодови од 31 натпревар.
После киксот на Барса на домашен терен од Кадиз (0:1), тешко е за поверување дека може да се случи чудо до крајот на сезоната, па така се бројат само деновите кога на „Сантјаго Бернабеу“ ќе почне да се слави 35 титула во „Ла Лига“.