ВИДЕО: Ѓоковиќ со многу мака до четвртфиналето на „Србија опен“

1 min read

Новак Ѓоковиќ (Србија) се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Белград, откако после скоро три и пол часа го елиминираше сонародникот Ласло Ѓере.

Мечот не започна најдобро за најдобриот тенисер на светот, бидејќи Ѓере, моментно 50 играч на АТП листата, направи „брејк“ во првиот и седмиот гем и лесно го доби првиот сет со 6:2.

Проблемите за Ѓоковиќ продолжија и во вториот сет, кога во шестиот гем Ѓере направи „брејк“ и поведе со 4:3. Но, Ѓоковиќ веднаш реагира и прави ри-брејк. Сетот на крајот заврши во тај-брејк, иако при 6:5 првиот светски рекет пропушти три сет топки. Сепак доаѓа со 1:1 во сетови по тај-брејкот од вториот сет, победувајќи со 8:6.

Третиот сет беше речист ист како и вториот. Овојпат Ѓоковиќ направи „брејк“ на стартот, а Ѓере веднаш возврати со ри-брејк. До крајот на сетот и двајцата тенисери успеаја да го спасат својот сервис и решавачкиот сет отиде во тај-брејк. На Ѓоковиќ повторно подобро се снаоѓа и на крајот со многу мака слави со 7:4.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ го чека уште еден тенисер од Србија, Миомир Кецмановиќ, кој во осминафиналето го совлада Австралиецот Џон Милман со 2:0. Во четвртфиналето се пласираше и рускиот тенисер Карен Хачанов откако неговиот сонародник Рома Сафиулин се предаде без борба. За в четврток се закажани другите осминафинални мечеви, а се среќаваат: Монтеиро-Крајиновиќ, Фоњини-Бедене, Оте-Карацев, Руне-Даниел и Лехечка-Рублев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Грција го зголемува минималецот за 50 евра

Следно

Храната е утеха: Овие пет хороскопски знаци најмногу сакаат да јадат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian