Во рамките од НБА плеј-офот кошаркарите на Мемфис ја совладаа Минесота на домашен терен со 124:96, додека Њу Орлеанс изненади против првиот носител Феникс со 125:114, резултатот во двете серии сега е 1:1.
За Тимбвервулвс најефикасен беше Ентони Едвардс со 20 поени, а пет помалку запиша Карл-Ентони Таунс (11 скокови).
Поразот не беше единствената лоша вести за Санси, поради повреда во третата четвртина (дотогаш имаше 31 поен), теренот мораше да го напушти Девин Букер.
На спротивната страна за Пеликанси, кои беа деветти во лигашкиот дел, блескаше Брендон Инграм со 37 поени, 11 скокови и девет асистенции.
Мајами повторно беше подобар од Атланта, овојпат со 115:105, прв стрелец кај Хитси беше Џими Батлер со 45 поени, по пет скокови и асистенции за 39 минути поминати на паркетот.
НБА плеј-оф, резултати –
Мајами – Атланта 115:105 (2:0)
Мемфис – Минесота 124:96 (1:1)
Феникс – Њу Орлеанс 114:125 (1:1)