Спектакл во Мелбурн: Бразил ќе игра пријателски меч против Аргентина

1 min read

Фудбалските селекции на Бразил и Аргентина ќе одиграат пријателски натпревар на 11 јуни годинава во Мелбурн (Австралија), соопшти министерот за спорт во владата на сојузната држава Викторија.

Овој меч ќе биде одигран на пет месеци пред почетокот на Светското првенство во Катар во 2022 година.

– Ни кажаа дека ова е важен натпревар за нив пред Мундијалот и се очекува двете селекции да дојдат во најсилните состави – рече министерот за спорт на државата Викторија, Мартин Пакула.

Двете селекции веќе се сретнаа на крикет теренот во Мелбурн во 2017 година, кога Аргентина ја триумфираше во контролен меч со 1:0.

Бразил е лидер на ранг-листата на ФИФА, а на СП ќе игра во групата „Г“ со Србија, Швајцарија и Камерун, додека Аргентина е во „Ц“ групата со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.

Светското првенство во Катар е на програмата од 21 ноември до 18 декември 2022 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

По оставката на потпретседателот на црногорскиот Парламент создадени услови за избор на нова влада

Следно

ФОТО | Од роденден, до свадба: Драган Спасов Дац и неговата сакана Весна стапија во брак

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian