Сопругот на Никол Кидман прозборе за брачната криза: Бев зависник, таа ми го спаси животот

3 mins read

Пејачот Кит Урбан со години водеше битка со зависности и призна дека сето тоа завршило кога ја запознал сопругата Никол Кидман, за која тврди дека му го спасила животот, пишува „The Times“.

Бидејќи дрогата и алкохолот се чести „сојузници“ во светот на славните, тоа не го заобиколило Кит Урбан, кој долго време бил во окови на истите.

Сепак, успеал да се извлече од пеколот со помош на неговата сопруга Никол Кидман, која ги препознала битките што ги водел. Иако неколкупати побарал помош во клиника за рехабилитација, последната, онаа само четири месеци по нивната венчавка во 2006 година, била последна.

Кит Урбан
Кит Урбан и Никол Кидман / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Тогаш пејачот призна како неговата зависност била голема закана за бракот со Никол.

„Мојот нов брак тогаш се распаѓаше. Вистинско чудо е што успеа да преживее. Духовно се разбудив со Никол. Велам дека со неа повторно се родив и така се чувствувам. За првпат во животот успеав да ослободам од оковите на зависноста“, изјави пејачот.

никол кидман
Кит и Никол / Фото: EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI

Благодарноста за љубовта и поддршката што ја добивал од својата сопруг, Кит ја изрази и својата песна „Thank You“.

Урбан призна дека му е драго што го завршил тоа поглавје од неговиот живот, но и дека тоа не влијаело на неговата креативност.

„Морав да најдам поинаков начин да преживеам во светот. Мило ми е што тоа не влијаеше на мојата музика. Напишав многу песни додека бев пијан. Ги пишував и кога бев трезен. Среќен сум што тоа не ја дефинираше мојата креативност“, истакна пејачот.

никол кидман
Кит и Никол / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

 

Кит бил под влијание и на неговиот татко, кој бил алкохоличар

„Татко ми беше алкохоличар. Јас пораснав во таков дом и ми требаше долго време да сфатам дека и самиот сум зависник. Не пиев како него, па долго време се споредував со него. Но, конечно успеав да направам избор во мојот живот, кој би сакал да го направеше и мојот татко“, додаде пејачот чиј татко почина во 2015 година.

Урбан ретко зборува низ што поминал, а тврди дека денес му е најважно на својата публика да ѝ обезбеди добра музика и забава.

Парот, кој заедно има две ќерки Сандеј и Фејт, минатата година прослави 15 години брак, а по тој повод Кит на социјалните мрежи сподели фотографија со романтичен опис.

„Среќна годишнина девојче. Мојот живот започна кога ти рече „да“ на денешен ден пред 5.475 дена“, напиша тогаш тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Реал на чекор од титулата во шпанската „Ла Лига“

Следно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Студено и врнежливо време, следува викенд со повисоки температури

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian