Словенечки министер си поднесе оставка поради афера со неплатена хотелска сметка

1 min read

Словенечкиот министер за земјоделство Јоже Подгоршек поднесе оставка поради аферата околу една неплатена хотелска сметка.

Според медиумите, Подгоршек во јануари оваа година во еден хотел во Бохињ направил сметка од 800 евра, а не ја платил при заминувањето, туку тоа наводно подоцна го сторил земјоделски комбинат со кој Министерството за земјоделство е во спор околу сопственоста на земјоделско земјиште.

Медиумите наведуваат дека се работи за случај на судир на интереси, односно корупција, зошто хотелот кој ја издал сметката кога министерот престојувал во него бил во сопственост на лице поврзано со споменатиот земјоделски комбинат.

Во изјавата за јавност Подгоршек рече дека дава оставка, но сугерираше дека тоа го прави за аферата да не и наштети на владата на премиерот Јанез Јанша пред изборите во недела на 24 април и дека лично не се чувствува виновен.

„Давам оставка исклучиво поради предоцна платената сметка и тоа е факт поради кој жалам“, напиша Подгорешек во објавата на Фејсбук, жалејќи се дека медиумите го оцрниле. Исто така рече дека се работело за обид за изнуда за кој обвинил некои во земјоделското лоби на кои им се спротивставувал, па тоа ги пријавил и во полиција.

Подгорешек во владата на Јанша влезе како член на пензионерската партија ДЕСУС, а по нејзиното излегување од владата се приближи до демохристијанската Нова Словенија (НСИ), која како свој кандида го кандидираше и на изборите. Партијата неговата оценка ја оцени како морален и одговорен чин.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ако ве касне куче во Скопје, на овој начин вонсудски ќе се решаваат случаите

Следно

МЗТ Скопје ја прекина соработката со Морис Кари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian