„Слободен печат“: Мостот што ќе ги поврзува двата народи испадна гнил!

3 mins read

Во печатеното издание на „Слободен печат“ можете да прочитате:

 

Хроника

Одбиен предлогот за двојно покачување на додатоците : Собранието без слух за потребите на децата со попреченост

-Иако се бараше да се удвојат додатоците што децата за попреченост ги добиваат од државата, во Собранието  за предлогот се изјаснија 31 пратеник, 47 беа против, а воздржан беше еден парламентарец.

 

Министерството за правда нема да донесе посебен закон: Ванчо Михајлов нема да се најде во регистарот на забранети личности

-Нема да се донесе посебен закон, ниту регистар на историски личности, бидејќи постојната правна рамка е доволна за да се одлучи за забрана на упис или забрана за дејствување, велат од Министерството за правда

 

По предлогот за преселба на казинатa: Што знае Алијанса што е хотел со пет ѕведички? 

-Партијата Алијанса на Албанците предлага само хотели со пет ѕвезди да смеат да организираат игри на среќа, но проблемот е што во земјава нема ниту еден таков хотел, а тешко дека наскоро ќе го добие.

 

Економија

Бранимир Јовановиќ, економист во Институтот за интернационални економски студии во Виена: Владата мора да троши пари и да ги зголеми приходите на граѓаните

– Инфлацијата доведува до забавување на економската активност. За да се зголеми економската активност, треба да се зголемат номиналните примања на граѓаните – треба да се зголемат и социјалните трансфери и платите во јавниот сектор и пензиите

 

Скопје

Селекторот на женската ракометна репрезењнтација Љубомир Савевски пред гостувањето на европскиот првак: Богатство за нас е што ќе играме со Норвешка

-Во рамките на  ЕХФ ЕВРО купот, црвено-жолтите вечерва имаат дуел со   Норвежанките во „Борис Трајкковски“. Непроценливо искуство е што нашите девојки ќе ги одмерат силите со состав кој е во врвот на светскиот ракомет, вели селекторот

 

Мозаик

Интересни велигденски обичаи во културите низ светот: На Филипини прослава со распнување, поливање со вода во Унгарија

-Вапсањето јајца, семејните собири и свечената трпеза се карактеристики на најважниот христијански празник. Но, покрај заедничкиот главен мотив, славењето на Христовото воскреснување, многубројни обичаи и начини на прославата на овој свет ден се разликуваат во различни делови на светот.

 

Во овој број читајте ги колумните на нашите редовни соработници Мирослав Грчев, Жанета Скерлев, Александар Литовски, Џабир Дерала…

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Паганското, митско и религиско потекло на велигденското зајаче

Следно

Кристијан Линднер: Русија е виновна за глобалните економски проблеми

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian