Денеска во реванш натпреварот од полуфиналето во Купот на Босна и Херцеговина, славеше составот на Сараево како гостин со 0:2 против Игман.
Со истиот резултат играчите предводени од македонскиот тренер Александар Васоски триумфираше и во првиот меч.
На денешниот дуел првиот гол беше дело на нашиот напаѓач Крсте Велкоски во 29 минута од средбата на стадионот „Грбавица“.
Конечниот епилог го постави Дал Варешановиќ во 90 минута. Противник на Сараево финалето ќе биде подобриот од дуелот Тузла Сити – Вележ Мостар.
Поблиску до финалната пресметка е Вележ Мостар кој победи на првиот дуел со 4:0.