Приведени двајца крадци, расчистени три кривични дела

1 min read

Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево, по преземени мерки и активности, расчисти три кривични дела извршени на бул.„Јане Сандански“, на подрачјето на ЕВР Аеродром и Драчево и од слобода ги лиши Р.А.(42) и Б.Е.(41), двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека заедно на  24.01.2022  извршиле тешка кражба на дрзок начин во обид врз М.Б.М.(32) од Скопје, а на 31.01.2022 во пекарница извршиле џепна кражба од Н.П.С.(28) од Скопје.

Р.А., пак, се сомничи дека на 10.02.2022 извршил тешка кражба на дрзок начин, при што од Б.Н.(44) од Скопје одзел паричник.

Тие биле приведени во полициска станица против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

skopjeinfo.mk

Претходно

Норвешка испрати 100 ракетни системи Мистрал во Украина

Следно

ВИДЕО: Во Турција разнесен автобус со затворски чувари, најмалку една жртва

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian