Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека паради изведување на технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат корисниците од следните улици:
- од 08:00 до 14:00 часот, дел од улиците: Хо Ши Мин, Марко Крале и Дабница. (Општина Бутел)
- од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од с. Долно Соње. (Општина Сопиште)
- од 08:30 до 11:30 часот, дел од с. Булачани. (Општина Гази Баба)
- од 09:00 до 13:00 часот, дел од ул. Ганчо Хаџипанзов. (Општина Центар)
- од 09:00 до 14:00 часот, дел од ул. Гаврил Радомир. (Општина Аеродром)
- од 09:00 до 14:00 часот, дел од ул. Џумајска. (Општина Ѓорче Петров)
- од 09:00 до 15:00 часот, дел од ул. Румена Хаџипанзова. (Општина Кисела Вода)
- од 09:00 до 15:00 часот, ул. Призренска крак 2 и крак 8 во нас. Кучевишка Бара. (Општина Бутел)
Истовремено, од таму информираат дека поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф 100 мм на ул. Благоја Гојан крстосница со ул. Св. Наум Охридски и поврзување од стара на нова водоводна мрежа од ф 80 мм на ф 150 мм на ул. Кавалска крстосница со ул. Св. Наум Охридски, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Благоја Гојан, ул. Кавалска и дел од Св.Наум Охридски (Општина Кисела Вода)