Официјално: Руските и белоруските тенисери исфрлени од „Вимблдон“

1 min read

Веќе се најавуваше дека ова ќе се случи, а тоа денеска го потврдија организаторите на грен слем турнирот „Вимблдон“ во Лондон.

Ол Ингланд Клубот и Комитет за управување на шампионатот изразија поддршка за сите засеганти во Украина поради руската агресија врз оваа земја и затоа им забранија на руските и белоруските тенисери да настапат на „Вимблдон“ оваа година.

– Со оглед на профилот на шампионатот во Обединетото Кралство и ширум светот, наша одговорност е да ја одиграме нашата улога во широките напори на Владата, индустријата, спортските и креативните институции да го ограничат глобалното влијание на Русија преку најсилните можни средства.

Во услови на таква неоправдана и без преседан воена агресија, би било неприфатливо за рускиот режим да извлече каква било корист од вмешаноста на руски или белоруски играчи во Шампионатот.

Затоа, нашата намера е, со длабоко жалење, да одбиеме влезови од руски и белоруски играчи на првенството 2022 година – соопштија организаторите на „Вимблдон“.

Доколку околностите се сменат до почетокот на Вимблдон, организаторите на турнирот не ја исклучуваат можноста да ја променат својата одлука. „Вимблдон“ е закажан за 27 јуни до 10 јули 2022 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Албански ексминистер за правда повикува на обединување на албанската и косовската армија против Србија

Следно

Паганското, митско и религиско потекло на велигденското зајаче

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian