Американските медиуми пишуваат за новата наводна тужба поднесена против ФБИ и шпекулираат дека зад целата приказна всушност стои Анџелина Џоли. Наводно актерката анонимно поднела тужба против американската разузнавачка агенција, а сето тоа поради нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит!
Во новата тужба, поднесена од анонимната Џејн До, се наведува дека истражниот оддел не ѝ дозволил на обвинителката пристап до записите во врска со истражните наводи дека пред неколку години тогашниот сопруг на жената „физички и вербално ги нападнал“ неа и нивните деца додека патувале со приватен авион.

Не им требаше многу време на медиумите да почнат да шпекулираат. Имаше шпекулации дека Анџелина Џоли е таа што го тужи ФБИ за да открие зошто нивните агенти одбиле да го обвинат Бред Пит за кавгата во приватниот авион во 2016 година што ја имал со нејзиниот најстар син Медокс.
Истата година, набргу откако Џоли поднела барање за развод, беше откриено дека Пит бил под истрага од ФБИ и социјалните служби на Лос Анџелес поради извештаи дека тој „вербално и физички ги малтретирал своите деца“ во приватен авион кој патувал од Франција за САД.

Да потсетиме, истражителите го ослободија Пит од обвиненијата велејќи дека тој не извршил злоставување на децата кога се скарал со тогаш 15-годишниот Медокс во авион.
Сега се шпекулира дека Џоли би можела да биде жената што ги тужи, иако извор близок до неа и Пит за таблоидот „ТМЗ“ изјавил дека го добиле целиот извештај на ФБИ за време на разводот. Поранешните сопружници Анџелина Џоли и Бред Пит одбија да го коментираат целиот случај во медиумите.