Нови детали од судењето: Поранешната на Џони Деп имала тројка со Илон Маск и познат модел

3 mins read

Во тек е судењето помеѓу двајцата поранешни сопружници Џони Деп и Амбер Херд. Секојдневно се изнесуваат шокантни детали од скандалозниот холивудски брак.

Џони Деп вчера повторно сведочеше на суд. Имено, тој ја тужеше поранешната сопруга Амбер Херд за клевета и од неа бара 50 милиони долари отшета за клевета.

– Мојата цел е вистината – рекол Деп на почетокот на своето сведочење.

Следната недела на суд ќе се појави и сопственикот на „Тесла“, Илон Маск, кој е обвинет дека имал афера со Амбер пред таа да поднесе барање за развод од Деп.

Илон, наводно, имал секс во тројка со Амбер и манекенката Кара Делевињ во 2016 година во пентхаусот на Деп во Лос Анџелес, додека актерот бил на снимање на филм. Деп, исто така, ја обвини својата поранешна сопруга дека била во врска со глумецот Џејмс Франко додека тие двајца сѐ уште биле во брак.

Кара Делавињ и Амбер Херд/Фото: Профимедиа

Маск во разговорот за порталот „Пејџ сикс“ рекол дека никогаш не бил интимен со Кара и дека таа тоа ќе го потврди. Милијардерот, исто така, рекол дека почнал да се гледа со Амбер еден месец откако таа поднела барање за развод од Деп.

– Мислам дека никогаш не сум бил во близина на Амбер за време на нивниот брак – истакнал Маск, а Деп и Амбер ги советувал да ги „закопаат воените секири“.

Меѓутоа, еден од претходните сведоци, Џош Дру, кој беше во брак со најдобрата пријателка на Амбер, Ракел „Роки“ Пенингтон, на прашањето на адвокатот на Деп, Бенџамин Чу, за аферата на Амбер со Кара, одговорил потврдно.

– Дали Роки ви кажа дека Амбер Херд имала афера со Кара Делевињ додека била во брак со Џони Деп? – го прашал адвокатот.

– Да, таа ми го кажа тоа – одговорил Џош.

Амбер Херд и Илон Маск/Фото: Профимедиа

Тој, исто така, потврдил дека Амбер имала тројка со Илон и Кара. Адвокатите на Деп наводно имаат четворица сведоци кои велат дека го виделе Маск како оди во пентхаусот на Деп во март 2015 година.

Да потсетиме, Деп и Амбер беа во турбулентен брак од 2015 до 2017 година. Деп бара отштета од 50 милиони долари од неговата поранешна сопруга бидејќи таа за „Вашингтон пост“ во 2018 година напиша статија во која наведе дека била жртва на семејно насилство. И покрај тоа што во написот не се споменува името на Деп, тој тврди дека текстот му ја уништил репутацијата и кариерата.

Џони Деп сведочеше против поранешната сопруга: Мојата цел е вистината

Пријател на Деп се расплака на суд: Многу луѓе се погодени од оваа злонамерна лага

Пријател на Деп се расплака на суд: Многу луѓе се погодени од оваа злонамерна лага

ВИДЕО | Шокантно сведочење на сестрата на Џони Деп: Наместо да избира ковчег за мама, тој се караше со Амбер

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МЗТ Скопје ја прекина соработката со Морис Кари

Следно

Мостот што ќе ги поврзува двата народа испадна гнил!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian