МЗТ Скопје ја прекина соработката со Морис Кари

1 min read

Американецот Морис Кари повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје, откако денеска потпиша спогодбен раскин на договорот со клубот од Аеродром.

Тој во редовите на македонскиот шампион дојде кон крајот на јануари, во пресрет на вториот дел од сезоната во домашното првенство и во АБА2-лигата, но ги оправда очекувањата на клубот.

Плејмејкерот одигра шест средби во домашното првенство со просек од четири поени и 2,7 асистенции, додека во регионалното натпреварување на девет средби просечно реализираше три поени со 1,4 скока и 1,8 асистенции.

Местото на Кари во тимот веќе е пополнето со неговиот сонародник Бре Ајви, зад кого е фантастична сезона со одлични бројки во дресот на Академија ФМП и чие деби се очекува уште вечерва против ТФТ (19.00 часот).

„Металците“ кои од следната сезона ќе играат во првата АБА лига, и сезонава се борат за титулата во првенството. Моментно се на второто место со 41 бод, три помалку од водечкиот Пелистер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Словенечки министер си поднесе оставка поради афера со неплатена хотелска сметка

Следно

Нови детали од судењето: Поранешната на Џони Деп имала тројка со Илон Маск и познат модел

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian