Кибер-напади врз интернет-страници на аеродроми, железницата и државни институции во Чешка

1 min read

Кибер-напади се извршени врз официјални веб-страници на аеродроми, железници, државни и општински институции, како и врз компании во Чешката Република.

Весникот „Млада фронта Днес“ објавува информација за нападите повикувајќи се на Националната управа за кибер и информатичка безбедност, според која се работи за т.н. „DdoS“ напади со прекумерен број симултани отворања на страниците, што ги оптоварува серверите и доведува до застои.

Весникот пишува дека поради нападите Чешките железници не можат да продаваат билети преку Интернет.

Националната управа за кибернетичка и информатичка безбедност издала предупредување за зголемена закана од хакерски напади врз локации во Чешка поради ситуацијата во Украина.

Експертите предупредуваат на можни обиди за навлегување во компјутерските мрежи на стратешки важни државни институции и претпријатија, веб-страниците на јавните служби и медиумите.

kurir.mk

Претходно

Фридом Хаус: ЕУ да ја притисне Бугарија да се откаже од ветото за Македонија

Следно

Се гради нов објект во градинката „Орце Николов“ во Карпош

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian