Храната е утеха: Овие пет хороскопски знаци најмногу сакаат да јадат

2 mins read

На добра храна веројатно секој се радува, но следниве пет хороскопски знаци постојано мислат каква убава храна ќе јадат следно. Кај нив најчесто ништо не останува во чинијата и со полн стомак им е полна душата.

Бик – пред да влезе во ресторанот, веќе знае што ќе јаде

Бикот дефинитивно се вбројува меѓу најгладните хороскопски знаци. Тој го проверува менито на ресторанот неколку часови пред да влезе во него. Сака да испробува нови јадења. Разочаран е ако нарача јадење, а тоа не е вкусно.

Вага – обожава да грицне нешто меѓу оброците

Колку и да се трудат да пронајдат ред и рутина во оброците, не се придржуваат до тоа. Понекогаш двапати појадуваат, а често им треба да грицнат уште нешто пред ручекот. Вагите сакаат меѓуоброци и често си го дозволуваат она што им се јаде, без оглед кој период од денот е.

Ова е вашата супермоќ според хороскопскиот знак

Риби – храната ги усреќува

Рибите често јадат за да се чувствуваат добро. Тие сакаат да јадат скоро сè. Често јадат и некои јадења од други култури. А најчесто јадат кога се фрустрирани или тажни.

Лав – гурмани кои обожаваат „фенси“ храна

Лавовите се вистински гурмани и сакаат добри и избрани јадења. Тие не сакаат брза храна, туку уживаат во вистински кулинарски доживувања. Сакаат „фенси“ храна и сакаат тоа да им го покажат на своите пријатели.

Овен – отворени за сè што е ново

Овновите сакаат авантури  и секако тоа ги вклучува гурманските. Отворени се за сè што е ново и посетуваат необични ресторани. Овните се храбри и често јадат егзотични јадења. И самите сакаат да експериментираат во сопствената кујна и сакаат да им готват на пријателите.

Парада на суетите: Овие хороскопски знаци знаат да бидат малку „незгодни“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Ѓоковиќ со многу мака до четвртфиналето на „Србија опен“

Следно

Наставници, ставете го интересот на децата пред својот личен интерес, повикува МОН

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian