ФОТО | Среќна вест на 35-тиот роденден: Шарапова објави дека е бремена

1 min read

Поранешниот светски рекет број еден Марија Шарапова го искористи својот 35-ти роденден за да ја објави веста за првата бременост на Инстаграм.

Петкратната победничка на Грен слем, која се повлече од спортот во 2020 година, ја сподели веста со своите 4,2 милиони следбеници.

„Скапоцени почетоци!!!“, напиша убавата Русинка покрај фотографијата направена на плажата на која позира насмеана и со рацете го држи трудничкиот стомак.

„Јадењето роденденска торта за двајца отсекогаш беше моја специјалност.“

Шарапова неодамна се омажи за британскиот бизнисмен Александар Гилкес со кој ќе има дете. Богаташот ја запроси со дијамантски прстен вреден 400.000 долари, кој специјално за таа пригода го дизајнирала Џесика Меккормак.

Гилкс е роден во Лондон, потекнува од богато семејство, татко му е познат стоматолог, а мајка му е професорка на Оксфорд. Студирал на престижен универзитет и е пријател со британскиот џет-сет. Меѓу другото, тој е добар пријател со принцовите Вилијам и Хари.

Откако ја раскина свршувачката со словенечкиот кошаркар со српско потекло Саша Вујачиќ и сериозната врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров, Шарапова влезе во врска со споменатиот британски богаташ.

Иако во текот на целата кариера се натпреваруваше под руско знаме и е единствената Русинка која освоила Грен слем, Шарапова живее во САД откако пристигна во таа земја како талентирана млада спортистка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Мемфис израмни против Минесота, Њу Орлеанс го изненади Феникс

Следно

Фридом Хаус: ЕУ да ја притисне Бугарија да се откаже од ветото за Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian