ФОТО | Од роденден, до свадба: Драган Спасов Дац и неговата сакана Весна стапија во брак

1 min read

По една деценија љубов и заеднички живот, актерот Драган Спасов Дац и неговата партнерка Весна Терзиевска стапија во брак.

Актерот денес го слави својот 59. роденден и по тој повод вчера организирал роденденска забава во еден скопски локал. За среќата да биде двојна, неговата сакана Весна му приредила несекојдневно изненадување кое, дефинитивно, не го очекувал.

Имено, таа организирала тајна венчавка – купила бурми, нарачала бидермаер и повикала матичар. На голема радост на најблиските кои биле присутни во локалот, Дац и Весна го кажале судбоносното „да“ и ја крунисале својата долгогодишна љубов.

„Сосема неочекувано, мојот роденден стана свадба. Моите најблиски пријатно ме изненадија и вчерашната ноќ ќе остане запаметена“, изјави Дац за „Слободен печат“.

Исто така, актерот ја сподели среќната вест и на социјалните мрежи.

„Синоќа во очи мојот роденден, мојата Весна заедно со пријателите ми приреди несекојдневно изненадување. Во најголема тајност и без ништо да се посомневам, организирале матичар и синоќа официјално стапивме во брак. Фала на сите, посебно на мојата лавица. Весна, те сакам бескрајно!“, напиша актерот на Фејсбук.

Дац и Весна, искрени честитки од редакцијата на „Слободен печат“!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Спектакл во Мелбурн: Бразил ќе игра пријателски меч против Аргентина

Следно

НСДП: Резултатите од меѓународните тестови на учениците да бидат основа за идниот раст на платите на наставниците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian