Е. Пелистер останува најдобрата екипа во Суперлигата

1 min read

Лидерот на табелата во Суперлигата, Е. Пелистер, полесно од очекуваното дојде до бодови кај Бутел Скопје (17:26) и останува најдобра екипа на домашната сцена.

Во победничките редови најефикасен беше Божиќ Павлетиќ со седум голови, а на спротивната страна четири пати во листата на стрелците се запиша Младеновски.

На табелата води и натаму составот на Жељко Бабиќ со 19 бодови, осум повеќе од второпласираниот Вардар 1961 кој има два меча помалку, а трет е Бутел Скопје со девет бодови.

Ракомет – Суперлига
Плеј-оф, петто коло

Бутел Скопје – Е. Пелистер 17:26 (8:12)

Спортска сала „Антон Димитров“ – Бутел, Скопје
Гледачи: 500
Судии: Исмаил Металари Ненад Николовски

Бутел Скопје:
Чаневски, Трајчевски, Андревски 1, Младеновски 4, Стојановски, Ѓеоргиевски 1, Митев 3, Б. Спасовски 3, Бој, Спасовски, Блежаски, Јевтиќ, Василевски 1, Бошковски, Мајиќ 3, Давитковски 1
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 8 минути

Е. Пелистер:
Секељи, Ивановски, Мараш, Ојлески, Маркоски 3, Маџовски 2, Кукуловски 1, Мандалиниќ 4, Радовиќ 1, Танкоски, Периќ 2, Божиќ Павлетиќ 7, Граџан 4, Обрадовиќ, Кизиќ 2
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 4 минути

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шефот на ОН побара средби со Путин и со Зеленски

Следно

Пет лажни факти за Адолф Хитлер: Дедо му не бил Евреин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian