Борут Пахор – нов медијатор на ЕУ меѓу Белград и Приштина?

1 min read

Словенечкиот претседател Борут Пахор, чиј втор последователен мандат истекува годинава, наводно е заинтересиран за функцијата специјален претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина во иднина, пишуваат регионалните медиуми, повикувајќи се на словенечкиот весник „Дело“.

Запрашан од тамошните новински агенции дали се вистинити шпекулациите дека Пахор е заинтересиран за актуелната позиција на словачкиот политичар Мирослав Лајчак, од кабинетот на Пахор во соопштението за медиумите било речено дека Пахор „во моментов не размислува“ за ова прашање.

Понатаму, од кабинетот на претседателот Пахор се наведува дека по истекот на актуелниот мандат на крајот на оваа година, тој има намера да ги искористи привилегиите од законот за поранешни претседатели, кои му овозможуваат една година да користи бенефиции кои му следуваат на поранешен претседател, со одреден персонал и портпарол.

Имајќи предвид дека вториот претседателски мандат на Пахор завршува на крајот на годината, по што тој повеќе не може да се кандидира за функцијата, медиумите пишуваат дека тој многу веројатно ќе ги искористи блиските релации со српските и приштинските политичари кои се интензивираа периодов, за да се изнајде решение во односите меѓу Белград и Приштина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Половина Скопје утре без струја, неколку улици без вода

Следно

Обвинение кое ја заинтригира јавноста: Дали Анџелина Џоли го тужи ФБИ?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian