Разрешувањето на директорот на АД Пошта, Јани Макрадули е поради подобрување на состојбите во компанијата и јакнење на капацитетите, изјави денеска на прес-конфренеција владиниот портпарол Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање.
„Владата му препорача на надзорниот одбор на Пошта на Северна Македонија да го разреши Јани Макрадули заради подобрување на состојбите во компанијата и јакнење на капацитетите на менаџментот“, одговори Арсовски.
На прашање на ТВ21, дали разрешувањето на Макрадули има некаква врска со случајот на поранешниот секретар на Влада Мухамед Зекири, Арсовски истакна дека може само да го повтори истото што го кажал претходно.
Распитот на Зекири сѐ уште не е почнат, сопругата му донесе пасош и храна во судот