Александра Шијакоска ја води најтешката битка: Дочекав и четврта операција

2 mins read

Македонската модна блогерка Александра Шијакоска моментално ја води најтешката битка во нејзиниот живот…

По дијагностицирањето на тумор на мозокот и трите оперативни зафати, таа на својот инстаграм-профил се огласи од болница споделувајќи со своите бројни следбеници и пријатели кои безрезервно ја поддржуваат во оваа тажна животна ситуација дека имала и четврта операција.

„Дочекав и четврта операција. Каква глава ќе беше оваа мојата. Колку животи имаа мачките? Можеби сум мачка, а не сум знаела досега“, напиша таа во описот на фотографијата од болница.

„Нема поента веќе да тагувам, да се жалам и да ве полнам со негативна енергија. Овој живот ми е додалене мене! Каков таков. Има да си го живеам и песна да пеам. Овој пат од долу ми ја истрижаа косата. Ќе можам да камуфлирам дека имам коса“, додаде Александра.

„Тука има една сестра Анастасија, се договоривме следно да се видиме на некоја плажа, не во болница“, напиша Шијакоска. „Спремна за уште една вечер да бројам овци за да си одам дома. Не знам дали сум кажала, воопшто не сакам болници, ни да лежам (лежам само ако се разболам) па ова ми е најголемата казна досега“, додаде храбрата Александра.

И во најтешките моменти се обидува да внесе позитивна енергија и хумор.

„Денес можам да ги мрдам само очите. Тоа сигурно заприметивте, од утре ќе ја мрдам и главата. Веќе влегов во рутина. Сè си знам пред време. Дома ме чекаат јајцата и бојата, мора да го забрзам процесот на опоравување овојпат“.

 

 

Повеќе написи на темата:

 

ВИДЕО | Македонската инфлуенсерка Александра Шијакоска соопшти дека ѝ откриле тумор на главата

 

ФОТО | Александра Шијакоска го прослави својот 29ти роденден: Нека помине операцијата, ќе пишуваме книга заедно!

 

ФОТО | Александра Шијакоска од болница: Операцијата заврши

 

ВИДЕО | Александра Шијакоска закрепнува по операцијата: Верувам во Божјиот план

 

ФОТО | Александра Шијакоска: Животот губи смисла по еден месец во болница

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Навивачите на Интер со овации за „Императорот“

Следно

Тренчевска: На вработените кои штрајкуваат ќе им бидат исплатени само придонеси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian