Зошто сме зависни од бескрајно прелистување на лоши вести и како да си помогнеме

7 mins read

Чинот на „doomscrolling“ (думскролинг или во буквален превод, апокалиптично прелистување) е постојано прелистување низ лошите вести и покрај нивните обесхрабрувачки и депресивни ефекти, пишува „Wired“.

Многу истражување во изминатите неколку години, во услови на глобална пандемија, пораст на вооружени конфликти и зголемени економски проблеми, понуди увид во она што ни создава немир ноќе и начините на кои социјалните мрежи и нашите телефони го влошуваат чувството на беспомошност. Кога барем еден од пет луѓе ги добиваат своите вести преку социјалните мрежи, се чини речиси невозможно да се оттргнеме од нашите дигитални господари.

„Думскролинг во суштина е техника на избегнување што се користи за справување со анксиозноста, така што секаде каде што сте ранливи на анксиозност, думскролинг може да стане нездрав механизам за справување. И иронично, нештата што може да ви ги одземе прелистувањето – здрав сон, значајни социјални интеракции, исполнета работа и хоби – се исто така работите за кои знаеме дека најмногу ја поддржуваат нашата ментална благосостојба. Така, думскролингот станува маѓепсан круг“, вели Меган Е. Џонсон, клинички психолог.

ренесанса
Монахињи, Фото: Picryl

Разбивањето на маѓепсаниот круг започнува со препознавање на зависта на социјалните мрежи.

Првата жена со силиконски гради: Ги добила бесплатно, трпела страшни болки, но одбила да го тужи лекарот

Вашите чувства се важни

Прв чекор е да стапите во контакт со мислите и чувствата кои предизвикуваат думскролинг низ социјалните медиуми и платформите за вести. Препознавањето на коренот на вашиот интерес за лоши вести може да биде резултат на чувството на ранливост, беспомошност или преоптовареност. Одлучете како да го наречете, а потоа побарајте ја првата, наједноставната опција за да ја нахраните таа потреба, без разлика дали тоа е преку поддршка од пријател или колега, безбедност од вашиот партнер или домашно милениче или удобност и одмор.

„Да речеме дека се чувствувате под стрес на работа и се откачувате од вашите задачи за да го земете телефонот и да прелистувате низ лоши вести. Откако ќе го забележите тоа компулсивно однесување, проверете се со себе и прашајте што мислите и чувствувате“, вели Џонсон. „Откако ќе ја разберете вашата потреба, тогаш можете да најдете реален и соодветен начин да ја исполните таа потреба, наместо компулсивно да думскролате“.

Останете информирани, не консумирани

Да се ​​остане информиран е здрав дел од социјалниот ангажман. Меѓутоа, прекумерното стимулирање со вести и случувањата на оние околу вас може да доведе до опасни навики. Џонсон забележува дека кога сме загрижени или преоптоварени, стандардната поставка на човекот е да собере извори на информации за да се чувствува под контрола.

„Ние веруваме дека ако ги имаме сите факти, можеме да донесеме подобри одлуки и да се заштитиме од опасност“, вели Џонсон. „Сепак, оваа илузија на контрола и безбедност е заблуда. Има бескрајна понуда на информации што треба да се консумираат, така што никогаш не се чувствуваме како да ги имаме сите информации – затоа што не ги имаме и не можеме. Наместо да се обидуваме да ги собереме сите информации, поздраво е да препознаеме дека тоа е невозможно, и наместо тоа да прифатиме нова идеја за тоа што значи доволно информации“, вели Џонсон.

ренесанса
Фото: Carl Bloch – In a Roman Osteria (1866)

Поставување граници за безбедност

Временските ограничувања и физичките граници на консумирањето на вести и користењето на социјалните медиуми можат ефективно да го балансираат внесот на информации и личното закрепнување. Создавањето дистанца од стресните фактори кои предизвикуваат анксиозност се прави преку навики.

По една или две недели на поставување ограничувања, како што се читање вести само за време на појадок или проверка на профилите на социјалните мрежи само на крајот од работниот ден, може да послужи за да се намали товарот создаден од постојано растечкиот проток на содржина со кој се соочуваме на дневна основа.

„Без разлика колку време одвојувате за читање, гледање или прелистување низ вестите, секогаш ќе има повеќе содржина за консумирање“, вели Џонсон. „Вежбајте да го прифаќате фактот дека не е ниту можно ниту здраво да ги прочитате сите информации или да ги знаете сите факти и да ги прифатите вашите граници“.

Интервју со Билјана Јуруковски, фотографка: Се надевам дека ќе оставам наследство од народи што можеби за 20 години ќе исчезнат

Избегнувајте пристрасност за потврда

„Истражувањато покажа дека луѓето имаат еден вид ментален филтер што нè тера да ги дискредитираме информациите што го оспоруваат она што веќе веруваме дека е вистина, и им даваме поголема тежина на идеите со кои се согласуваме“, вели Џонсон. „Кога пребарувате, ќе откриете дека нема недостиг од страшни информации што само ќе ја подобрат вашата пристрасност за потврдата“.

Чувството на вознемиреност и рамнодушност е нормално

Бетани Течман, професорка по психологија вели дека чувствата кои произлегуваат од прекумерната употреба на социјалните мрежи или од думскролинг се нормални.

„Знаеме дека луѓето кои се анксиозни веруваат дека светот е опасно, непредвидливо место и веруваат дека се ранливи, па логично е дека тие верувања ќе ги наведат луѓето да чувствуваат дека треба постојано да бидат внимателни и да следат знаци на опасност. Ако откриете дека вашата вознемиреност и тага остануваат на високо ниво со недели или месеци, побарајте професионална проценка“, вели Течман.

Типови на менаџери и како да успеете со секој од нив

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бројките покажуваат дека Чави е најнеуспешниот тренер на Барселона во последните 20 години

Следно

Ванчо Михајлов во Бугарија е рехабилитиран поради Македонија, вели бугарскиот историчар Маринов

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian