Запленет руски танкер во Грција

1 min read

Поради санкциите воведени од ЕУ и НАТО, грчките власти, во близина на островот Евија, заплениле танкер што пловел под руско знаме, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, Управата за спречување перење пари во рамките на спроведувањето на санкциите на ЕУ и НАТО издала одлука со која танкерот останува закотвен во близина на пристаниште во Каристос, а заплената се однесува на самиот брод, а не и на нафтата што ја пренесувал.

Грчките медиуми објавија дека танкерот уште од петокот е во близина на грчкиот остров откако се соочил со проблеми со моторот, а со помош на реморкер требало да биде извлечен до Пелопонез, меѓутоа поради лошото време останал закотвен на Евија.

Во танкерот имало 19-член екипаж, морнари од Русија.

kurir.mk

Претходно

Какви политики ќе „трасира“ победникот од изборите во Франција кон Македонија?

Следно

Општина Карпош додели 110 хуманитарни пакети во пресрет на Велигден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian