Второто триатлон натреварување „Стопанска Триоги 2022“ ќе се одржи на 14 мај во Скопје

1 min read

Во организација на триатлон клубот „Триоги Рејсинг“ на 14 мај во Скопје ќе се одржи второто натпреварување „Стопанска Триоги 2022“.

Првото триатлон натпреварување беше одржано во 2019 години и претставува најмасовен триатлон натпревар во нашата држава со преку 150 учесници. Поради пандемијата, натпреварувањето не се одржа во 2020 и 2021 година, поради пандемијата на коронавирусот.

На 14 мај со сопствена судиска екипа и техничка поддршка од страна на Триатлон федерацијата на Северна Македонија ќе се одржи второто натпреварување во триатлон.

Се очекува на „Стопанска Триоги 2022“ да улествуваат преку 200 натпреварувачи, а досега потврдено е учество и на триатлонци од Хрватска, Бугарија, Турција, Србија и од Црна Гора.

Крајниот рок за пријавување на „Стопанска Триоги 2022“ е 7 мај.

Оваа година натпреварувачите ќе бидат поделени во неколку категории, во машка и женска конкуренција и тоа:

-Деца 1, родени 2013 г. и помали
-Деца 2, родени од 2012 г. до 2010 г.
-Кадети, родени од 2009 г. до 2007 г.
-Јуниори, родени од 2006 г. до 2003 г.
-Елитна група, родени пред 2002 г.(кои ќе се борат за титулата Државен првак на Македонија)
-Мастерс група или ентузијасти родени после 2002 г.

Триатлон натпреварот ќе се одржи на следните локации: во делот од пливањето на базенот СРЦ „Борис Трајковски“, во делот на велосипедизмот – долж булеварот Илинден од потегот на СРЦ „Борис Трајковски“, сè до исклучувањето кон „Скопје Сити мол“ и назад по десната коловозна лента. Делот од трчањето се изведува околу паркинзите на СРЦ „Борис Трајковски“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Верешчук: Трет ден без хуманитарни коридори во Украина

Следно

ВИДЕО | 20-годишен јутјубер им купил куќа на родителите: Погледнете ги реакциите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian