Во Битола во саботата не функционираше македонската држава, оценува Ивица Боцевски

1 min read

Поранешниот амбасадор Ивица Боцевски вечерва во гостувањето на ТВ21 истакна дека во саботата, во Битола не функционирала македонската држава.

„Не постои приватна посета на премиер и претседател, така е во дипломатијата се најавува посета на премиер и претседател. Нашиот претседател реагира на Фејсбук, врховен командант на војската. Ако има против таков чин нашиот претседател, требало да му каже на министерот Бујар Османи, не може да го одбие министерот: „Извини, ќе им кажете да не доаѓаат““, вели Боцевски.

Тој ја оцени како „пристојна жена“ поранешната министерка Рената Дескоска, која излезе со документ дека Министерството за правда во нејзино време одбило регистрирање на тоа здружение.

„Во Битола во саботата не функционираше македонската држава, тоа што револтира и тоа што прави бесна реакција кај сите е тоа каде беше Петков во саботата? Во Македонија? Во Бугарија? Бележеше територија?“, прашува Боцевски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Стјуардеса од Србија покажа како изгледа лет во една од најскапите први класи во светот

Следно

Денес се празнува: Велика Среда на помазувањето на Христа со скапоцено миро

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian