Владата го разреши Јани Макрадули, повеќе не е генерален директор на Пошта

1 min read

Владата денеска го разреши Јани Макрадули од позицијата генерален директор на Пошта на Северна Македонија.

„На денешната седница Владата одлучуваше и по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија” да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор и на оваа позиција го избере Васко Стефанов, кој е разрешен од должноста заменик-директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија“, се вели во владиното соопштение, во кое нема ништо за причините за разрешувањето.

Поранешниот пратеник од СДСМ и министер за ТВ21 кусо одговорил дека прашањата за разрешувањето треба да се упатат во Владата.

“Мислам дека адресата за прашањето за разрешување е таму каде ме разрешиле. Убаво попладне и секое добро”, вели Макрадули за ТВ21.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се сеќавате на девојката која рече „Cash me outside?“ Купила вила вредна 6 милиони долари во готово

Следно

Американските авиокомпании ја укинуваат обврската за носење маски во авионите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian