ВИДЕО| Убав гест: Навивачите на Ливерпул со аплауз му дадоа поддршка на Роналдо

1 min read

Навивачите на Ливерпул со аплаудирање во седмата минута од натпреварот на нивниот тим против Манчестер јунајтед, му дадоа поддршка на Кристијано Роналдо и неговото семејство поради загубата на новородениот син.

Роналдо не е дел од тимот на Јунајтед во најголемото англиско дерби за да биде покрај семејството во тешките моменти, а навивачите на Ливерпул покажаа дека хуманоста е пред ривалството и поради тоа во седмата минута со аплауз го поддржаа Португалецот.

Преполниот „Енфилд“ во седмата минута од натпреварот почна да аплаудира, а од грлана на навивачите на Ливерпул се слушаше клупската химна „Никогаш нема да одиш сам“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Туристичките работници во Албанија бараат да се укинат ковид-мерките

Следно

Ова е вашата супермоќ според хороскопскиот знак

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian