ВИДЕО | Апсолутно симпатично: Адријана Лима го откри полот на бебето

1 min read

Адријана Лима и нејзиниот партнер Андре Лемерс го очекуваат нивното прво заедничко дете, а 40-годишната манекенка го откри полот на бебето со симпатично видео на платформата Тик-ток.

Имено, сината боја на чадот и конфетите кои се појавија зад Адријана и Андре навести дека бразилската убавица наскоро ќе стане мајка на момче.

@adrianalima And the reveal is in… thanks @Genderrevealmiami for putting such an incredible reveal together last minute and Ale & Lucas Bomeny for capturing the moment!#babygenderreveal ♬ Fantasy – Jodie Comer

Се чини дека Лима сѐ почесто ја користи платформата Тик-ток за да споделува убави вести со своите обожаватели. Пред два месеци, таа ја извести јавноста за својата бременост токму на Тик-ток.

На почетокот од видеото кое го објави тогаш, Адријана вели дека Андре обожава да ја плаши на шеговит начин, но дека денес е денот кога таа ќе му врати. Потоа покажува позитивен тест за бременост, па го буди со тестот на кој пишува „бремена“.

@adrianalima #firstiktok #baby #surprise ♬ (Your Love Keeps Lifting Me) Higher & Higher – Jackie Wilson

Адријана и Андре ја започнаа врската на почетокот од минатата година, а своето прво појавување како пар го имаа на Венецијанскиот филмски фестивал.

Лима претходно беше во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ и со него ги има двете ќерки – 12-годишната Валентина и 9-годишната Сиена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Анкета во Бугарија : На евентуални предвремени избори, ГЕРБ на Борисов би добила најмногу гласови

Следно

Крунскиот доказ што ќе расчисти дали на Веапоска поради лекарска грешка ѝ беа извадени органи, седи во фиока?!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian